(ВИДЕО) НПС: Да дојде животот и во полициска станица Стење

Од:

Независниот полициски синдикат на денешната прес-конференција низ фотографии обелодени дека полициската станица и граничниот премин Стење е се во многу лоша состојба.Првиот синдикалец Гоце Делчев, изјави дека дека во оваа станица не е инвестиран ниту денар од 1992 година.Побара од надлежното министерство уште оваа буџетска година да се обезбедат средства и да се создадат достојни услови за околу 40 вработени во Стење.

„Ова е сведоштво за условите во кои живеат и работат полициските службеници.Се соочивме со слика која потсетува на време кое застанало во 90-тите.Ние како синдикат бевме трпеливи и чекавме да поминат изборите, но сега ,јавно и отворено бараме од МВР,да се одвои време и да види во каква состојба е овој граничен премин. Да се заложи и да овозможи живот за полицајците, особено водени од фактот дека туму се водат дисциплински постапки против 16 вработени.Ако има казни, нека има и одговорност, рече Тодев.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани