На граничните премини на Косово почна примената на одлуката за воведување визи

Од:

На граничните премини на Косово почна примената на одлуката на владата за воведување визи за граѓаните на 87 држави од светот, соопштија српските медиуми.

Меѓу земјите чии граѓани треба да имаат влезни визи за Косово, се Русија, Кина и Индија.

Визниот режим не важи, меѓутоа, за граѓаните на петте земји од ЕУ, кои не го признаа Косово. Тоа се Шпанија, Грција, Кипар, Романија и Словачка.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Косово, Артан Бехрами, во средата изјави дека одлуката на владата, што се применува од почетокот на оваа година, ќе придонесе за зголемување на безбедноста во Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски