По Штерјо Наков и бизнисменот Орце Камчев влезе во „Европа“

Од:

Стопанска банка Битола е нов сопственик на 9, 39 % од акциите на фабриката за кондиторски производи Европа АД Скопје, објави порталот Фактор.

Банката која од неодамна е дел од групацијата на бизнисменот Орце Камчев акциите ги купила во три трансакции на берзата на три дена пред Нова година. Се истргувале 24.005 акции по просечна цена од 3.145 денари, или за 37 % пониско од референтната цена.

„Стопанска Банка Битола акциите ги купи за вкупна вредност од 1,22 милиони евра. Според извештајот на Централниот депозитар за хартии од вредност најголем акционер во Европа е Макошпед кој поседува 19, 05 % од акциите, Фершпед на Штерјо Наков со 18, 06 % од акциите, Ветфарм Трејд со 10, 51%, а 10 % поседува и самата фабрика. Следува Стопанска банка Битола со 9, 39 %. Други позначајни акционери се Мила Левентеич и Есамедин Хасани со по 8 % од акциите“, пишува Фактор.

Според порталот, новата акционерска структура значи дека Стопанска Банка Битола купила 6, 3 проценти од акциите од фирмата Вет Фарм Трејд, која се поврзува со српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, а останува нејасно од каде се купени уште 3 проценти од акциите.

Логиката вели дека до остатокот од 9, 39 % Камчев стасал преку купопродажбата што на почетокот на декември ја изврши бизнисменот Штерјо Наков. Тогаш Фершпед најпрвин купи 3, 71 % од акциите од Фондот за ПИОМ, а потоа за речиси иста сума од нешто над 120 илјади евра истите акции ги продаде, но тогаш не беше обелоденето кој е купувачот.

Берзански извори коментираа дека станува збор за таканаречено „паркирање“ акции, што во случајов се поклопува. Тие акции, како што сега може да се види практично биле наменети за Банката на бизнисменот Орце Камчев, кој со оваа значајна бројка на акции во Европа очигледно претендира на понатамошно ширење во бизнисот.

Интересно е да се види како во следниот период ќе функционира фабриката бидејќи акционерската структура во оваа фабрика никогаш не била по „шарена“, во однос на блискоста на сопствениците со едната, односно со другата владејачка структура.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ