Грујевски и Бошковски за четири до шест недели ќе бидат екстрадирани во Македонија

Од:

Поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски може да бидат екстрадирани кон крајот на ноември или во првите недели на декември годинава, а дотогаш ќе бидат во притвор во Грција, објавуваат грчките медиуми.

Постапката од македонска страна ќе ја води Министерството за правда, кое синоќа од МВР го доби известувањето од Интерпол-Атина за Бошкоски и Грујевски кои се бараа со меѓународна потерница, а звчера беа приведени во Солун.

Роковите до кои Министерство за правда треба да ги собере потребните документи и да ги прати во Грција веќе течат. Според Законот за меѓународна соработка во кривична материја барањето за екстрадиција и потребните списи се доставуваат во рок кој не може да биде подолг од 40 дена од денот на донесувањето на решението за притвор заради екстрадиција.

И покрај тоа што Македонија и Грција немаат договор за екстрадиција, двајцата приведени може брзо да и бидат предадени на Македонија со договор на двете министерства за внатрешни работи, тврди поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов за Дојче Веле.

Министерството за правда барањето за екстрадиција треба да го испрати до скопскиот Апелациски суд, кој треба да ги приберат сите документи и докази поврзани со предметот „Таргет“ и Тврдина“ во кои СЈО ги обвинува Грујевски и Бошковски за нелегалното прислушување и уништување на документацијата од прислушувањето. Потоа барањето ќе биде испратено до грчките власти кои треба да одлучат кога ќе ги екстрадираат.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека Македонија „очекува да се испочитуваат сите меѓународни договори и стандарди во случајот и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реални рокови“.

Скандалот со прислушувањето во Македонија почна во 2015 година и предизвика политичка криза во земјата.

Грујевски и Бошкоски беа уапсени завчера на солунскиот аеродром, обидувајќи се да излезат од Грција со лажни бугарски пасоши.

Двајцата се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување на граѓани и за уништување на системите за прислушување, случаи познати под името „Тврдина“, „Таргет“ и„Тврдина 2“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната