МВР: За тепачката во автобус кај Бит пазар извршен разговор со 10 лица

Од:

Во полициската станица Бит пазар е извршен разговор со десет лица за синоќешниот инцидент на бул. „Крсте Мисирков“ во автобус на ЈСП бр.50. Разговарано е со седум малолетници и три полнолетни лица, меѓу кои и возачот на автобусот, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен.

Тројцата повредени во тепачката по укажаната лекарска помош на Ургентниот центар се пуштени на домашно лекување.

МВР претходно соопшти дека за инцидентот воградскиот автобус е приведено и едно лице.

Како што информираа, група лица синоќа нападнале патници во автобус бр. 50 на ЈСП на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје кај 26-ти Јули, предизвикале сообраќајка на автобусот и продолжиле со тепачка на постојката.

СВР-Скопје преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот