Малолетници му го попречиле патот, по што нивни роднини физички го нападнале

Од:

Б.С. пријавил дека синоќа на улица Козле, додека го управувал својот автомобил на коловозот излегле три малолетни лица кои му го попречиле патот и не можел да помине со возилото.

Тој го паркирал возилото по што дошло до мала расправија, а по кратко време на местото дошле повеќе лица, најверојатно роднини на малолетниците и физичко го нападнале Б.С. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото.

Во еден момент во настанот се вмешало и друго повозрасно лице со намера да му помогне на пријавителот, односно да појасни дека не ги удрил децата, но и тој бил физички нападнат со удари со тупаници по главата и телото.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски