Градски автобус, кој што се обраќал на линија Транспортен центар- Арачиново, синоќа бил каменуван од неколку лица на булеварот Методија Андонов – Ченто, на надвозникот кај Агросервис.
Притоа биле искршени две стакла на левата страна од автобусот и стаклото од задната двокрилна стаклена врата од автобусот, како и едно стакло на десната страна од автобусот.
Од удар од еден од камењата, била повредена З.Г.(45) која се здобила со повреди на левата аркада во вид на расекотина и крварење и веднаш потоа била префрлена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. По укажаната лекарска помош истата била пуштена на домашно лекување.
За настанот бил известен и Јавен обвинител. Со оштетувањето на автобусот сторителите причиниле и материјална штета од околу 61.000 денари. Извршен е увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.