Во Гевгелија за три дена 100 лица примиле вакцина против грип

Од:

Центарот за јавно здравје од Гевгелија набави 400 вакцини против грип од кои изминативе три дена се потрошени околу 100, изјави денеска епидемиологот Саше Олумчев.

– Пред три дена почнавме со имунизацијата на населението и покрај тоа што до овој момент на територијата на општина Гевгелија нема регистрирано болни од грип. Очекувам до крајот на месецот да се зголеми интензитетот, затоа што голем е интересот за примање вакцина, особено од пациентите од ризичните групи, кардиоваскуларни, астматични, белодробни болести и дијабетес, лица на возраст над 60 години, како и оние со намален имунитет, рече Олумчев.

Дел од вакцините ќе бидат потрошени за имунолошка заштита на пациентите од Негорската психијатриска болница, а доколку се појави потреба, Олумчев најави дека подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Гевгелија ќе набави дополнителна количина вакцини против грип чија цена изнесува 400 денари.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно