Технички тимови на доверителите ќе го проверат буџетот на Грција

Од:

Технички екипи на меѓународните кредитори на Грција (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) денеска во Атина и ќе го проверуваат извршување на буџетот на државата.

Експертите се во грчката престолнина по дадените гаранции дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нема да бара од Грција нови мерки за штедење во 2018 година, бидејќи проценил дека поставената цел од страна на грчката Влада за примарен буџетски суфицит во износ од 2,2 од БДП, ќе се постигне.

Се предвидува раководителите на институциите да дојдат кон крајот на месецот во Атина, кога ќе започнат со преговорите, а потоа во ноември ќе го финализираат својот трет преглед на владините реформи во рамките на програмата за помош, коишто се услов за доделувањето на дополнителни заеми на Грција.

Целта на грчката Влада е новиот преглед да биде успешно завршен од состанокот на Еврогрупата на 4 декември.

Проблематични се четири клучни области, кои грчките власти треба да ги одобрат до крајот на годината. А тие се однесуваат на реформите на пазарот на трудот, во буџетската сфера, како и даноците и затворените професии.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он