Спортскиот центар „Форца“ е задоволен од текот на седмата сезона на Футсал „Форца лигата“, спортски настан во кој учествуваат компании од земјата.
– Би сакале да им се заблагодариме на сите компании, учесници во оваа сезона на Форца лигата, за нивните заложби за промоција и градење на спортска култура меѓу вработените, и да им посакаме успешни квалификации. Да спортуваме и да се забавуваме, да се наградуваме и заедно да дадеме поддршка на рекреативните спортски дисциплини, за посилен тимски дух и пред се грижа за нашето физичко здравје, соопштија од Спортскиот центар „Форца“.
Целта на натпреварите од Форца лигата е рекреација, градење на спортскиот дух, а секако претставува и неформална активност за мотивација на вработените и градење на тимот.
Натпреварите се одвиваат за време на викендите во текот на скоро целата година, а оваа сезона ќе траат до крајот на мај 2018 година.
Форца лигата е поддржана од голем број компании и организации во земјава, најголемите банки и осигурителни друштва, водечките телекомуникациски оператори, претставници од фармацевтската и градежната индустрија, ИТ компании, различен тип производни друштва и многу други.
Годишно на овој спортски настан учествуваат повеќе од 20 тима.