Сера: Политичкиот амбиент во Македонија ветува позитивни промени

Од:

Политичкиот амбиент во Република Македонија ветува позитивни промени. Почнатите реформи од страна на Владата даваат насока за придвижувања на економијата, рече амбасадорот на Кралството Шпанија Емилио Лоренцо Сера на денешната средба со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Анѓушев му го честиташе назначувањето на новиот шпански амбасадор и изрази очекување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи.

– Владата креира политички и економски амбиент со кој Македонија ќе биде добар пријател и партнер на сите земји, а поддршката од Шпанија, како членка на Европската унија е особено важна. Странските инвеститори, вклучително и оние од Кралството Шпанија се добродојдени да инвестираат во Република Македонија, подвлече вицепремиерот.

Соговорниците се заложија за интензивирање на економските односи, особено во секторот земјоделство, енергетиката – преку обновливи извори на енергија, како и во заштитата на животната средина преку проекти за соодветно управување со отпад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски