Министерот Адеми се сретна со израелскиот амбасадор Дан Орјан

Од:

Министерот без ресор Едмонд Адеми денеска имаше работна средба со амбасадорот на Израел во Република Македонија Дан Орјан.

На средбата, како што информира кабинетот на министерот, Адеми информираше за усвојување на Информацијата за потребата од изготвување Национална стратегија за соработка со дијаспората 2018/2023, како прв чекор кон систематски и институционален пристап кон дијаспората, како важен столб за развојот на Република Македонија.

– Искуството на Израел во ангажирање и инволвирање на својата дијаспора во политичките, економските, културните и образовните процеси е огромно и има многу што да се научи од нив. Верувам дека заедничката соработка во периодот што следи, ќе биде од огромно значење за нас, со што дополнително ќе се зајакне пријателството меѓу Република Македонија и Израел, посочил министерот Адеми на средбата.

Амбасадорот Орјан истакнал дека дијаспората е многу важен партнер и додал оти Израел има големо искуство во оваа област и најавил разменување на нивните искуства.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?