По изборниот дебакл и не влегувањето во новиот состав на австрискиот парламент, „Зелените“ паднаа во длабока криза, а носителот на листата Улрике Луначек, си поднесе оставка.
Шефот на партијата, Ингрид Фелипе заедно со Луначек, со насолзени очи им соопштија на членовите за оставките.
– Неопходен е нов почеток, рече Луначек на прес-конференција на која го најави повлекувањето од сите политички функции.
Таа нагласи дека „ќе паузира одреден период”.
Луначек немаше објаснување за дебаклот, но призна дека „имало грешки, кои треба да се анализираат”. Таа посочи дека изборите биле одлука во еден правец, поради што гласачите не обрнале внимание на темите, како што се Европа, социјалните прашања и човековите права.
Луначек потенцираше дека ова е најтешката криза на Зелените од влегувањето во парламентот пред 31 година. Таа порача дека ќе го исполни ветувањето и дека нема да се врати во Европскиот парламент, но не ја отфрли можноста да се кандидира за Европското собрание.
На чело на Зелените дојде заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку, како и Вернер Коглер.
Зелените доживеаа дебакл на изборите, откако, пред почетокот на изборната кампања, тогашната лидерка на партијата, Ева Гласининг поднесе оставка, а при утврдувањето на кандидатите од партијата, се повлече и најистакнатиот пратеник Петер Пилц, кој формираше своја листа и успеа да го мине цензусот.