Поради магла намалена видливост на некои места во земјата

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови  по местимично влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на повеќе места и тоа на Страцин-50 метри, Гостивар-10 метри, Охрид-100 метри, Кичево-10 метри, Македонски Брод- 50 метри и Кула – 50 метри.

Како што соопшти АМСМ, по клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Удово-Демир Капија и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на  ЈП „Македонија пат“ се на терен,  редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози