Туск предложи амбициозна програма, по апелот за „оживување“ на ЕУ

Од:

Претседателот на Европската унија Доналд Туск предложи амбициозна програма според која се планирани 13 самити за две години, со цел заживување на Унијата по напуштањето на Велика Британија.

Туск синоќа даде свој предлог, по апелот на заживување на ЕУ, кој во неколку наврати го упатија претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и францускиот претседател Емануел Макрон.

Програмата почнува утре со дводневен самит на ЕУ во Брисел, на кој ќе се расправа за Брегзит и иднината на ЕУ, по што редовно ќе се одржуваат состаноци на лидерите на Унијата до јуни 2019 година, како и неформални состаноци на специфични теми.

Туск предложи и вонреден самит во Романија по напуштањето на Велика Британија, предвидено за март 2019 година, како и самит за безбедноста, следната година во Виена.

Претседателот на ЕУ има намера да го подобри методот на работа и традиционалниот пристап за консензус за некои прашања во замена за расправа на која дополнително би се разговарало за несогласувањата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он