Во рамки на Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“, вечер од 20 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде одржан концерт на добитниците на наградата на СМУМ на меѓународниот натпревар „Охридски бисери 2016“.
Ќе настапат виолинистот Бојан Илковски, кој ќе изведе дела од Бах, Изаи и Зографски, и пијанистката Анастасија Грговска со изведба на композиции од Бах, Бетовен, Темков и Петровски.