Бункер кој што се наоѓа во Швајцарија бил претворен во трезор, во кој што компанијата Ксапо чувала биткоини за своите клиенти. Точната локација на овој трезор е тајна, а пристапот е ограничен со низа сигурносни мерки.
Колкава вредност на биткоини се чува таму исто така е тајна, а водичот кој што ги носи купувачите кажува дека луѓето таму доаѓаат по криптовалути кои вредат милиони.
Можеби звучи чудно што криптовалутите треба да се складираат и чуваат, но како и вашите вредни фотографии, за криптовалутите е потребна некоја врска на материјално складирање.
Биткоините се чуваат како криптографски клучеви кои овозможуваат пристап до парите кои што се чуваат на биткоин мрежата.
Фирмите кои што чуваат битокини, како е Ксапо се честа мета на хакери и крадци, па затоа сигурносните мерки се на ниво на параноја.
Во близина на овој трезот, се наоѓаат пасишта и чудни планини, а неколку минути по исклучувањето од авто-патот се стигнува до подножјето на планина, каде што се наоѓа објектот.
Секој клиент на кој што му е потребна сигурна заштита, ги сместува своите сервери во дупката длабока 320 метри под оваа планина.
Објектот е изграден од швајцарската војска во 1947. година, а служел како скришно место за војската за време на Студената војна.
Внатрешноста и ѕидовите се прекриени со детални мапи, а радио-применците служат како потсетници на воената историја.
Влезот во бункерот е бетонска фасада која што се спушта од планината, а за да влезете треба да се остави отпечаток од прст.
Откако ќе ја поминете првата „препрека“ стигнувате до делот кој што изгледа како стаклена телефонска кабина, која е блиндирана, каде што треба да чекате обезбедувањето да ви ја отвори другата врата за да може да влезете.
Потоа ве пречекува челична врата и ходник долг околу 100 метри, каде што на крајот има две челични врати, за кои што кажуваат дека може да преживеат и нуклеарна експлозија.
Таму е приватниот „апартман“ на Ксапо, до кој што се доаѓа преку уште една „кутија“. Во апартманот има два дела: едниот води во собата на операторот, а другиот во „ладната соба“. Ладната соба е окружена со челични плочи и формира кафез: преграда која што штити од можни електромагнетни импулси и напади кои би можеле да избришат податоци, а со самото тоа и клучевите за биткоин кои што се скалдирани во собата.
За дигитални ресурси како биткоин, дебелите ѕидови и тајната локација не се доволни, бидејќи треба да се најде и осигирување од невидливи напади како ЕМП бомби.
Во ладната соба не влегува никој, дури ни операторот. Вратите се запечатени и внатре се наоѓа хардверот, кој никогаш не е поврзан на интернет, а се користи за потпишување на биткоин транскациите кои може да се извршат надвор од мрежата.
Операторот за хардвер пристапува со помош на специјални кабли, а потоа испраќа шифрирани податоци на хардверот за потпишување. На крајот, пред да се одобри трансакцијата, мора да се извршат уште две постапки, во други два трезори кои што се наоѓаат на различни контитени.