Рјабков: Русија ќе го почитува иранскиот нуклеарен договор

Од:

Русија потврдува дека ќе ги почитува своите обврски од договорот за иранската нуклеарна програма, изјави денеска во Москва рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во обраќање на собирот по повод 25-годишнината од склучувањето на руско-иранскиот договор за соработка во сферата на користењето на атомската енергија во мирновременски цели, Рјабков нагласи дека Москва се залага за целосно почитување на нуклеарниот договор со Техеран и за воспоставување на нормални услови за трговско-економска соработка меѓу Русија и Иран.

Покрај претставници на Русија и Иран, на собирот се поканети и делегации на останатите пет земји потписнички на договорот за иранската нуклеарна програма – Велика Британија, Германија, Кина, САД и Франција.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија