Курц ќе добие мандат за состав на нова влада

Од:

Владата во Виена денеска поднесе оставка согласно Уставот на Австрија, откако во неделата беа одржани парламентарни избори. Канцеларот Кристијан Керн оставката ја поднесе до претседателот Александер ван дер Белен.

Австрискиот претседател им се заблагодари на министрите за нивната работа и им нареди да ги исполнат своите задолженија за состав на нова влада.

Согласно Уставот на Австрија, претседателот треба да започне со консултации со партиските лидери за новата влада.

– Ќе му дадам на лидерот на Австриската народна партија, Сабастијан Курц, мандат за составување на нова влада, доколку резултатите не се променат, наведе Ван дер Белен.

Тој посочи дека, конечните резултатит од изборите ќе бидат објавени в четврток.

Според прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Австриската народна партија победи на изборите со 31,5 отсто од гласовите, на второ место е Австриската социијалдемократска партија со 26,9 проценти од гласовите, а трета, со 26 проценти од гласовите, е Австриската партија на слободата.

Ван дер Белен нагласи дека новата австриска влада треба да ги почитува европските принципи.

Ултра десничарската Австриска партија на слободата најверојатно е сигурен коалициски партинер на партијата на Курц, доколку се земе предвид силната застапеност на изборите и ставовите за миграцијата, кои се слични на конзервативците.

– Внимателно ќе следам, со цел да гарантирам, дека основните европски вредности, наведени во нашиот Устав, остануваат компас што ја води Австрија кон иднината, истакна Белен.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник