Први американски напади со дронови врз џихадисти во Јемен, десетици загинати

Од:

САД извршијаповеќе воздушни удари со дронови врз камп за обука на борци на Исламската држава во Јемен, и во првиот напад загинаа десетици џихадисти.

Дроновите на американската војска испукаа 12 проектили врз позициите на џихадистите во Јакли и Аблу во јужната провинција Бајда.

Во соопштението на Пентагон се вели дека американските сили убиле десетици членови на ИД во еден напад врз кампот, каде што борците биле обучувани за користење на митралези и лансирање на гранати.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија