Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Од:

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, во Концертната Сала на Пекинг премиерно се изведоа 8 композиции од европски композитори претходно селектирани од страна кинеското Министерство за култура.

Концертот беше распродаден 10 дена однапред, за сала со капацитет од 1.500 седишта.

Светска премиера имаше и композицијата на Дарија Андовска, циклусот Heavenly Questions за Оркестарот на Забранетиот Град, напишан на сегменти од Tianwen, збирка на класична кинеска поезија, која истовремено служи како извор на информации за древната култура од Кина, во форма на серија од прашања кои алудираат на митовите и функционираат како серија на алузивни фрагменти.

Оркестарот на Забранетиот Град е составен од претежно традиционални кинески инструменти, вклучувајќи пијано и контратенор.

Композицијата на Дарија Андовска беше оценета од страна на европските колеги, но и композиторите од Кина, како една од најдобрите, со извонредно високо ниво на музикалност и професионалност.

Циклусот Heavenly Questions, по премиерата во Пекинг, ќе биде изведуван низ Кина и Европа, во рамките на турнејата на Оркестарот на Забранетиот Град

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска