УЕФА покренува истрага за местење натпревари во Црна Гора

Од:

Натпреварите Искра – Дечиќ (4:1) од Првата лига и Отрант Олимпик – Челик (6:1) од Втората лига во Црна Гора се под истрага на надлежните органи на УЕФА поради сомневање околу регуларноста.

Комплетната документација од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), федерацијата во Црна Гора ја предаде на надлежните државни органи, полицијата и судовите.

Двата натпревара од тековната сезона се означени како сомнителни.

Ова не е прв пат натпревар во Црна Гора да биде доведен под сомнение за месетење резултат. Минатата сезона повеќе натпревари беа под истрага, но немаше конкретни резултати.

Во март 2015 година во полициска акција „Тип“ беа уапсени пет фудбалери кои беа осомничени дека местеле натпревари и за себе или за други лица прибавиле 75 илјади евра. И тогаш истрагата не даде резултати и фудбалерите беа ослободени.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри