Промоција на извештајот за аостојбата на светското население во 2017

Од:

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации денеска ќе го промовира глобалниот извештај за состојбата на светското население.

Извештајот ќе го престави директорката на канцеларијата на УНФПА, во Скопје, Дојна Болога, а ќе се обрати и извршната директорка на организацијата РОМА С.О.С. од Прилеп, Несиме Салиоска.

Годинашниот извештај, како што информираат од УНФПА, е посветен на растечката нееднаквост во светот. Економската нееднаквост е тесно поврзана со нееднаквоста во сексуалното и репродуктивното здравје. Во земјите во развој, 20 отсто од жените во најсиромашниот дел од населението, имаат најмал пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи и контрацепција. Жените и девојките кои живеат во сиромаштија, особено тие што се помалку образовани и живеат во рурални области, а немаат пристап до контрацепција, се под најголем ризик за непланирана бременост. Ова пак води кон поголеми здравствени ризици, како и последици врз економската состојба за нив и за нивните деца.

Би можело да ве интересира

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Зеленски призна: Ни требаат милион војници

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки