Вуди Ален: Да не дозволиме да се создаде „лов на вештерки“

Од:

Целата афера околу Харви Вајнстајн е многу тажна за сите кои се вмешани. Тоа е трагично за сиротите жени кои се вмешани, тажно е за Харви, што неговиот живот е таков хаос, изјави американскиот актер и режисер Вуди Ален во интервју за Би-Би-Си.

Ален во деведесеттите години од минатиот век и самиот беше обвинет дека сексуално ја малтретирал неговата посвоена ќерка, Дилан Фароу, додека таа била дете. Судијата и социјалните служби тогаш заклучија дека наводите се „неосновани“. Во исто време Ален водел судска битка со Миа Фароу за старателство над децата.

Дилан Фароу во 2015 година ги повтори обвинувањата во отворено писмо до „Њујорк тајмс“, а Ален ги нарече „лажни и срамни“.

Минатата година, синот на Ален, Ронан Фароу, го осуди медиумскиот молк за минатото на неговиот татко затоа што се работи за филмска ѕвезда. Ронан Фароу е автор на еден од написите во списанието „Њујоркер“, во кој се открива аферата Вајнстајн.

Вајнстајн и Ален соработувале, но Ален за Би-Би-Си изјави дека не бил свесен за однесувањето за кое е обвинет познатиот продуцент.

– Постојано се слушаат многу фантастични гласини. Некои се покажуваат вистински, а многу од нив се само приказни за оваа актерка или оној актер, изјави Ален.

Тој изрази надеж дека случајот на Вајнстајн ќе доведе до „подобрување“, но исто така предупреди за ризикот да се создаде „лов на вештерки“.

– Ако секој човек кој во неговата канцеларија и намигне на жена одеднаш мора да повика адвокат, тоа не е добро. Но, точно е дека сакаме од нешто вакво да излезе нешто корисно за луѓето, а не само тажна и трагична ситуација, изјави Вуди Ален.

Би можело да ве интересира

Вуди Ален снима нов филм, веројатно последен: Возбудата исчезна

Вуди Ален му бил пријател на контроверзниот Џефри Епстин

Ана Ололовска

Вуди Ален снима нов филм во Шпанија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Топлес активисти на Фемен прекинаа концерт на бендот на Вуди Ален

Ана Ололовска