Oперацијата во Киркук има за цел да спречи поделба, тврди ирачкиот премиер

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави дека напредувањето на владините сили во Киркук има за цел да ја спречи „заканата од поделба”, со која се соочува земјата по одржувањето на референдумот за независност во северниот автономен регион Курдистан.

– Ние дејствувавме единствено за да ја исполниме нашата уставна должност да ја прошириме федералната власт, да ја осигураме безбедноста и да го заштитиме националното богатство во овој град, истакна Ал Абади.

Ирачкиот премиер рече дека овој потег доаѓа откако курдските власти одбиле да ги поништат резултатите од „едностраниот” референдум.

Ирачката армија ноќеска ја презеде контролата во провинцијата Киркук и соопшти дека се ослободени патиштата и инфраструктурните објекти од курдските сили „пешмерга“.

Според соопштението, за време на „операцијата за обновување на стабилноста“ во провинцијата, силите на Багдад ја презедоа контролата над локалните мостови и магистрали, како и над индустриската зона југозападно од градот Киркук.

Ирачките сили продолжуваат да дејствуваат во провинцијата, со уверување дека целта на Багдад е да ги врати нафтените наоѓалишта, во моментот запленети од курдите.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак