Цените на мало во декември зголемени за 0,1%, трошоците на живот на исто ниво

Од:

Цените на мало во декември се зголемени за 0,1 процент, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на цените е забележан кај зеленчукот за 1,4 проценти, јајцата за 1,2 проценти, месото за 0,7 проценти и преработките од месо за 0,5 проценти.

Кај трошоците на живот пораст има кај мебелот за 0,9 отсто, средствата за образование за 0,5 отсто, средствата за хигиена и храната и пијалакот во ресторани и хотели за 0,3 отсто.

Намалување на трошоците на животот во декември во споредба со претходниот месец има кај мастите за 5,2 проценти, овошјето за 3,7 проценти, рибата за 0,8 проценти, преработениот зеленчук за 0,4 проценти и млечните производи за 0,3 проценти. Намалување е забележано и кај течните горива и гасот за 0,5 проценти и нафтените деривати за 0,2 проценти.

Во споредба со декември 2011 година, цените на мало бележат пораст од 3,9 отсто, а трошоците на животот за 4,7 проценти.

Според Државниот завод за статистика, во изминатата година движењето на цените на мало било различно по одделни групи на производи. Пораст е забележан во групите Непрехранбени индустриски производи за 5,8 проценти, Земјоделски производи за 3,1 проценти, Индустриско-прехранбени производи за 2,4 проценти, Услуги за 1,5  проценти и Пијалаци за 0,4 проценти.

Во поглед на трошоците на живот пораст  имало во групите Огрев и осветление за 11,1 проценти, Облека и обувки за 5,3 проценти, Сообраќајни средства и услуги за 2,8 проценти, Хигиена и здравје за 2,7 проценти, Стан (станарина, вода и услуги) за 2,5 проценти, Исхрана и Ресторани и хотели за 2,4 проценти, Култура и разонода за 1,6 проценти, Покуќнина за 0,3 проценти и Тутун и пијалаци за 0,1 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он