Русија во промет ќе пушти сопствена криптовалута наречена крипторубља, соопштил министерот за телекомуникации Николај Никифоров на седница со членовите на Московскиот клуб.
Според него создавањето на криптовалутата е иницијатива на претседателот Владимир Путин.
– Со сигурност ви кажувам дека ќе пуштиме во промет криптовалута, од проста причина што ако ние не го направиме тоа за два месеци тоа ќе го направи некоја земја од Европа, рекол Никифоров.
Министерот за телекомуникации нагласи дека со создавањето на крипторубљата не се легализира биткоинот и другите криптовалути.