Велика Британија воведува доживотен затвор за „убијците на патиштата“

Од:

Лицата во Велика Британија, кои поради опасно возење или управување на возило под дејство на алкохол ќе предизвикаат сообраќајна несреќа со смртни последици, би можеле цел живот да го поминат зад решетки, овие измени во законот ги соопшти британската Влада.

Весникот „Индепендент“ пишува дека максималната казна за несреќа со смртна последица, која ја предизвикал возачот поради неприспособена брзина, возач кој претекнувал или разговарал на мобилен телефон, ќе биде зголемена од 14 години, колку што изнесува сега, на доживотен затвор. На тој начин овие дела ќе бидат изедначени со казната за убиство од немарност. Исто така, возачот кој е под дејство на алкохол или наркотични средства може да биде осуден на максимална казна доживотен затвор, за разлика од досегашната максимална казна која изнесува 14 години затвор.

– Долго работевме на оваа измена на законот. Ги анализиравме сите најлоши случаи и несериозни престапи и сметаме дека сега е вистинско време за воведување доживотна затворска казна за оние кои убиваат луѓе на патиштата возејќи опасно, додека се пијани и под дејство на наркотични средства, изјави британскиот министер за правда, Доминик Раб.

Во законот ќе се вметне и нова квалификација, но се уште не е одлучено која максимална затворска казна ќе биде одредена за тоа, а станува збор за предизвикување сообраќајна несреќа поради невнимателно возење во која има тешко повредени лица.

„Индепендент“ наведува дека минатата година 157 лица се осудени поради предизвикување сообраќајни несреќи со смртни последици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП