Околу 673.000 лица, кои побегнаа од градот Мосул, поранешното главно упориште на групата Ислмска држава во Ирак, се уште се раселени и не се вратени во своите домови, соопшти денеска Норвешкиот центар за бегалци.
– Една година од почетокот на борбата за повраќање на контролата на Мосул од ИД, околу 673.000 Ирачани. кои побегнаа од овој град и неговата околина, се уште не се во можност да се вратат, се наведува во соопштението на Центарот.
Според податоците на норвешката организација, над половина од овие лица немаат со себе никакви документи за идентификација, што дополнително ќе ги отежне нивните напори за враќање на нормалниот живот.
Борците на ИД презедоа контрола врз Мосул во 2014 година, за време на офанзивата во која освоија речиси половина од територијата на Ирак. Лани во октомври ирачките владини сили започнаа офанзива за потиснување на ИД од Мосул, која заврши во јули годинава со целосен пораз на џихадистите.