На црвениот килим во Лос Анџелес се случи голем скандал кога актерот Едуардо Ханез, ѕвездата на мексиканските сапуници, физички нападна новинар пред сите гости.
Новинарот Пако Фуентес го праша актерот како се чувствува поради фактот што неговиот син покренал јавна кампања со цел да собере пари за поправка на автомобилот, имплицирајќи дека Ханез не сака да му помогне на својот син.
Кога го постави прашањето, Ханез ги изгуби нервите и му удри шлаканица, додека присутните ја набљудуваа сцената во шок.
Актерот е познат по неговиот агресивен карактер, посебно кога се во прашање новинарите.