Наставници и професори учествуваа на конференција поврзана со програмата Euroguidance

Од:

Наставници и професори земаа учество на конференција поврзана со програмата Euroguidance, во организација Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Конференцијата се одржа денеска, во Скопје.

Презентери на конференцијта беа Александар Голев, Мила Протугер Анастасова и Анабела Насковска Петрески, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Euroguidance, која претставува европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за водство.

Мрежата на центри за поврзување заедно со кариерните наведувачки системи во Европа Euroguidance промовира мобилност, помагајќи им на советниците за водство и поединци подобро да ги разберат можностите на располагање на европските граѓани низ цела Европа.

Euroguidance ја поддржува интернационализацијата на насочување и советување.

Euroguidance е европска мрежа на национални ресурси и информативни центри за водство. Euroguidance центрите работат во околу 34 земји. Сите Euroguidance центри споделуваат две заеднички цели: за промовирање на европската димензија во водство, обезбедување на квалитетни информации за доживотни насоки и мобилност за целите на учење.

Главна целна група на Euroguidance и упатство за практичарите и креаторите на политиката се секторите од образованието и вработувањето во сите европски земји.

Следните активности Агенцијата планира да ги спроведе во повеќе градови низ Македонија, поточно во Крушево, Охрид и Прилеп. Дополнително, а со цел зголемување на вклученоста на бизнис заедницата предвидени се и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Република Македонија.

Покрај наведените настани Националната агенција планира и реализација на ЕКВЕТ конференции во насока на подигнување на свесноста во овој образовен сегмент.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март