Системско решение против злоупотреба на безбедносните служби

Од:

За неполн месец ќе се отвори јавна дебата за реформите на безбедносниот систем што ги подготвува Владата за Управата за безбедност и контраразузунување и на Законот за следење на електронските комуникации, кои се во финална фаза. Целта, истакнуваат од Владата, е да се понуди системско решение кое ќе гарантира дека нема да се случуваат злоупотреби на системот.

– Сакаме да обезбедиме сигурност за граѓаните на Република Македонија дека никој и никогаш без разлика кој и да е на власт нема да помисли да ги злоупотребува службите за безбедност на оваа држава, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Мислењето од последната владина седница до Уставниот суд за запирање на постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, како што наведе, е во насока да не се прави двојна работа, односно да нема парцијални решенија се додека не го имаме конкретното специфично реформско системско решение кое што ќе ни осигура на сите нам како држава дека злоупотребите на системот нема да се случуваат.

Како што потенцира Бошњаковски, Владата останува на своите заложби и интензивно работи на реформите на Управата за безбедност и комуникации и на Законот за следење на електронските комуникации, кои се во финална фаза. Со Планот 3-6-9, потенцира, уште пред два и пол месеца најавивме дека овие реформи се едни од клучните за никогаш да не се повтори тоа што се случуваше во Македонија.

– Наскоро за помалку од месец ќе се отвори јавна дебата во тек на која ќе бидат јасни и транспарентни сите технички прашања и ќе можеме да се увериме сите дека единствената интенција е тоа што се случувало да не се случува, рече Бошњаковски, потенцирајќи дека во реформите ќе бидат донесени во предвидениот рок согласно Планот 3-6-9.

Прашан дали до стартот на најавените реформи останува можноста за злоупотреби на системот, владиниот портпарол истакна дека Владата гарантира оти во моментов е невозможно да се случи можна злоупотреба на противистражните мерки.

– Директорот на УБК јавно и транспарентно кажа дека во моментов се што се случува е исклучиво со почитување на целосната законска процедура. Значи, без налог од Обвинителство во Македонија веќе не може да се користат противистражните мерки, потенцира Бошњаковски.

Владата завчера врз основа на заедничко мислење на Министерството за информатичко општество и администрација подготвено во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, донесе предлог Уставниот суд на РМ да донесе решение за запирање на постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски текомуникации, усвоена на 21 јуни 2017 година.

Согласно ова мислење, членот 175 од Законот за електронски комуникации, воопшто не навлегува во постапката за следење на комуникациите, затоа што според Амандманот XIX од Уставот, само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредивост на комуникациите. Оттука, според ова мислење усвоено од Владата на РМ, Законот за следење на комуникациите може да биде предмет на оценка во однос на неговата уставност, но не и членот 175 од законот одделно.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски