Честитка од Груевски по повод 11 Октомври

Од:

Денот на народното востание, ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава. 11 Октомври беше продолжение на битката на Илинденците и сите пред нив кои се бореа за слободна Македонија, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во честитката по повод државниот празник 11 Октомври.

– На овој светол ден за македонската држава се докажа дека кога работиш за својата земја ништо не е невозможно и неостварливо, токму затоа водејќи се од нивниот пример за тоа како се работи за својата земја, треба да ја продолжиме нивната борба. Борбата беше за слободна Македонија, нашата борба е борба за економски просперитетна Република Македонија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ структурите, каде и природно припаѓа, вели Груевски во честитката.

11 Октомври, како што истакнува, е повеќе од обичен државен празник. – Тој е и отелотворување на идеалот за слободата и правда. Тој идеал не води и денес, и не мотивира да работиме за доброто на идните генерации, за подобро утро за сите. За градење на држава каде заеднички и сложно, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите, сите кои споделуваме исти потреби и проблеми ќе одиме напред, истакнува Груевски.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски