Започна чествувањето на празникот 11. октомври во Прилеп

Од:

Со огномет, импровизиран напад и посета на историската поставка од НОБ изложена во Участакот, Прилеп и годинава во предвечерието на големиот национален празник 11. октомври го започна чествувањето на празникот.

Настанот беше збогатен со ликовна изложба, а на сцената на камената бина присутните имаа можност да уживаат во изведбата на солистите од детскиот хор „Мали анѓели“, прекрасниот концерт на етно групата Синтезис и настапот на ДЈ Мето.

Прилеп утре ќе им оддаде почит на жртвите на фашизмот, на борците на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата. Делегации на борци, локалната самоуправа, политички партии и граѓани ќе положат свежо цвеќе и пред спомениците на Кузман Јосифоски – Питу и Методија Андонов Ченто. Празникот ќе продолжи во текот на целиот ден со изложба на рачни изработки „Килимијада“ , „Car Show“ на кое пред публиката ќе бидат изложени над 300 возила од цела Македонија и фестивал на медот.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп