Поранешниот кошаркарски израелски репрезентативец Одед Каташ денеска официјално ќе биде назначен за нов селектор на оваа земја. Тој исто така, ќе продолжи да биде тренер на националниот тим под 20 години како замена за Ерез Еделштајн.
Каташ како играч на Панатинаикос ја има освоено Евролигата.
Новиот селектор ќе го предводи Израел во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2019.
42-годишниот Каташ важеше за еден од најдобрите одбранбени кошаркари во Европа, но поради повреда, кариерата ја заврши уште во 2001 година. Оттогаш работи како тренер во Израел.