Македонија годинава ќе троши повеќе енергија

Од:

Македонија годинава ќе потроши 81.897 тера џули финална енергија што е за 5,2 отсто повеќе отколку лани. Пораст на потрошувачката ќе има кај сите видови енергија и енергенти, а најголем ќе биде кај природниот гас, по што ќе следат нафтените деривати и геотермалната енергија, предвидува Предлог енергетскиот биланс за 2013 година.

Потрошувачката на примарната енергија се очекува да изнесува 125.695 тера џули и да се темели пред се на планираното зголемување на потрошувачката на природниот гас за 21,5 отсто заради поголемото производство на електрична енергија од АД ТЕ-ТО Скопје и кај дистрибутивните потрошувачи во Куманово и Струмица, каде е комплетиран гасоводниот систем до индустријата и домаќинствата.

Од вкупните потреби за енергија 52,2 отсто ќе се обезбедат од  домашни извори, а 47,8 отсто од увоз.

Се планира вкупните потреби за електрична енергија да изнесуваат 9.028 гигават часови што е за 2,6 отсто повеќе во однос на лани. Од нив 76,5 отсто ќе се обезбедат од домашното производство, а остатокот од 23,5 отсто од увоз.

Производството на електрична енергија се очекува да биде на ниво од 6.907 гигават часови што е за 7,4 отсто поголемо во однос на 2012 година. Тоа пред се се должи на најавеното зголемено производство на АД ТЕ-ТО Скопје.

Термоцентралите на лигнит ќе произведат 4.823 гигават часови или 72 отсто од вкупната електрична енергија во државата, а се планира хидроелектраните да произведат 1.088 гигават часови или 15,7 отсто од вкупното производство.

Нето увозот на електрична енергија годинава се планира да биде за 10,5 отсто помал во однос на 2012 година и да изнесува 2.121 гигават часови. Причина повторно е најавеното производство на АД ТЕ-ТО Скопје.

Загубите на електрична енергија во 2013 година се планира да изнесуваат 1.308 гигават часови и да бидат помали за 2,5 отсто во однос на минатата година.

Планирано е потребите од природен гас да изнесуваат 309 милиони метри кубни што е за 115 отсто повеќе во однос на лани, а се очекува и за 8,1 отсто поголема потрошувачка на нафтени деривати, како и пораст на увозот на сурова нафта од 335.000 тони на 560.000 тони. Тоа пред се е заради зголемената потреба од мазут за 25,7 отсто. Се очекува и значителен пораст на потрошувачката на биогоривата.

Потребите од јаглен и лигнит за годинава се планирани  на ниво од 7,9 милиони тони или за 3,5 отсто повеќе во однос на 2012 година.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите