„Гугл“ на свеченост во Сан Францсико ги претстави новите „Пиксел 2“ и „Пиксел 2 Икс-Ел“ смартфони.
Свеченоста ја отвори извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, кој при тоа им оддаде почит на жртвите од нападот во Лас Вегас и од ураганите што ја погодија Северна Америка.
Компанијата, исто така, го претстави и својот најсовремен софтвер и хардвер за вештачка интелигенција.