Матилда Бајкова од Карпош, просветен работник на годината

Од:

Професорката по македонски јазик и литература Матилда Бајкова која предава во три училишта во општина Карпош по повод Меѓународниот ден на учителот на 5 октомври доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно – образованата дејност за учебната 2016/2017“, соопштија од општина Карпош.

– Сојузот на просветни работници од Македонија и го додели ова признание на професорката за особен придонес во просветно- образованиот процес. Матилда Бајкова е специјалист за работа со деца со посебни образовни потреби. Таа е соработник и во многу научни трудови, учествувала на меѓународни симпозиуми од сферата на образованието и информатичката технологија во образованието, се вели во соопштението од општина Карпош.

Професорката Матилда Бојкова предава во ООУ „Јан Амос Коменски“, во ООУ „Аврам Писевски“ и во ООУ „Вера Циривири Трена“.

Признанието беше доделено минатата недела во Ликовниот салон „Бели мугри“ во Велес.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март