Богојески за БГНЕС: Без Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ би постигнало многу подобар резултат

Од:

Никола Груевски ги штити интересите на десетина лица. Македонија нема потреба од неговиот псевдопатриотизам. Последните акции на Груевски потсетуваат на времето на Слободан Милошевиќ. Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија отвора големи перспективи, вели во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, Петар Богојески, еден од лидерите на Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Богојески, мора јасно да се разграничи разликата меѓу ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Ако кариерата на еден политичар е загрозена, тоа не значи, истакнува, дека е загрозена иднината на државата. Не треба да бидеме заложници на неодговорни политики кои ни ги претставуваат личните интереси како национални, додава Богојески.

– Многу важен факт за нас, како ВМРО-ДПМНЕ, е тоа што без Никола Груевски би постигнале многу подобар резултат. За жал, сепак, наспроти нашите предупредувања, инаетот на Груевски беше поважен од нашиот партиски интерес и влеговме во кампања под негово раководство. Поради таа причина неизвесна е нашата победа во многу општини, рече Богојески, прашан за неговите очекувања за изборите на 15 октомври.

Во врска со т.н. нова ера што ја најавува Груевски, Богојески вели:

– „Новата ера“ на Никола Груевски се споредува со онаа на Милошевиќ, но во ниту еден случај не можеме да зборуваме за некаква „нова ера“ на Груевски. Што значи тоа, дека сега ќе имаме некаков „нов Груевски“? Тоа е наполно неразбирливо, не само за нашите избирачи, такво нешто не се сретнува дури и во политичката литература, политичар кој ја завршува својата кариерата, да го прави тоа преку „нова ера“, вели Богојески.

За реформите во партијата, став на Богојески е дека целата меѓународна заедница гледа на нас ВМРО-овците како следбеници на Груевски што е многу погрешно.

– Ние сме следбеници на вредностите на ВМРО-ДПМНЕ, а не на Никола Груевски. Тој е само еден партиски лидер во заминување, нагласува Богојески според кој, ако не се случат реформи во партијата, можне е да дојде до нејзино целосно уништување.

Иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ се залага за промена на статутот на партијата, членството да има одлучувачка улога при изборот на партиските органи и носењето решенија. Како што вели Богојески, Иницијативата е внатрепартиска и искрено вмро-вска, не е предизвикана од надворешни или странски партнери.

Петар Богојески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1995 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски