Волонтерска акција за чистење на отпадот под улицата „Самоилова“ во Стара Топаана, разубавување на просторот за играње и поставување контејнери за ѓубре, организираат денеска Мрдни со Прст, Црвениот Крст на Република Македонија и локалните жители.
Целта на оваа акција насловена „Разубави го просторот за играње заедно со локалното население од Стара Топаана“ е обид да се понуди трајно решение за проблемот со кој се соочуваат жителите на оваа стара ромска населба.
– Станува збор за разубавување и чистење на просторот за играње под улицата „Самоилова“. На просторот кој првично бил наменет за детска игра и забава, сега е насобран отпад што не само што го блокира местото на децата за игра, туку претставува и потенцијален извор на зараза, велат организаторите.