СДСМ: Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не знае и не може да функционира во фер и регуларен изборен процес

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не знае и не може да функционира во фер и регуларен изборен процес, па затоа не може да престане со ширење лажни вести. Времето на злоупотреба на државните ресурси, партизацијата на институциите и нивно претворање во ВМРО-МВРО заврши со заминувањето на Никола Груевски во опозиција. Денес, државните институции работат слободно, професионално и се посветени на спроведувањето на фер, демократски и слободни избори.

Владата предводена од СДСМ, премиерот, министрите во владата и сите останати државни функционери не користат државни ресурси за изборната кампања.

Залудни се празните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе овозможат фер, слободни и демократски избори на кои граѓаните ќе стават крај на криминалното, неспособното расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат