Само еден ден по објавувањето на времето кога „Брзи и бесни 9“ ќе ја има својата премиера (април 2020), Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам го објавија точниот датум на издавањето на нивното спин-оф продолжение на франшизата – 26 јули 2019.
Крис Морган, кој ги пишуваше сценаријата за третиот филм и за сите наредни, ќе биде автор и на спин-оф продолжението. Агентот Лук Хобс (Џонсон) и бруталниот криминалец Декард Шо (Стејтам), коишто во оригиналниот серијал имаат споредни улоги, во овој филм ќе бидат главни протагонисти.
Гласини дека Двејн и Стејтам преговараат за спин-оф продолжение на приказната, се појавија уште пред неколку месеци. Но, истите тие шпекулации говореа дека продуцентот и главната ѕвезда на седумте од вкупно осумте филма, Вин Дизел не се согласиле.
„Брзи и бесни 8“ досега на светско ниво заработи 1,2 милијарди долари, со што вкупната заработка на серијалот, изнесува 5,1 милијарда долари.