Песков: Руските медиуми во САД се изложени на невообичаен притисок

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска обвини дека руски медиуми во САД се изложени на „невообичаен притисок“, додавајќи дека Русија ќе преземе реципрочни мерки доколу проодлжи ваквата пракса.

Песков нагласи дека телевизијата Раша Тудеј и агенцијата Спутњик, кои се финансирани од руската Влада, се изложени на „невообичаен притисок, што сериозно ја загрозува нивната работа во западните земји, пред се во САД“.

– Ако продолжат таквиот притисок и прекршувањето на правото на нашите медиуми да ја вршат нивната работа, ние не можеме да ја исклучиме можноста за преземање мерки врз основа на реципроцитет, нагласи Песков.

Изјвата на Песков следи откако американското Министерство за правда побара од Раша Тудеја да го почитува Законот за регистрација на странски агенти, кој предвидува дека секоја организација во САД што е поврзана со странска држава, е должна да доставува редовни извештаи до властите за врските со таа земја.

Вашингтон во неколку наврати ги обвини Раша тудеј и Спутњик дека се дел до пропагандната машинерија на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Кремљ: Европските престолнини се повеќе ги газат демократските норми

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск