„Уметност од отпад“ – зелен камп во Дојран

Од:

„Уметност од отпад“ е мотото на тридневниот зелен камп што денеска почна во Дојран во организација на здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ од Гевгелија. Кампот има за цел да се зголеми свеста за управување, селектирање, рециклирање и намалување на отпадот кај учениците од основните училишта од прекуграничната област на Македонија и Бугарија.

Организаторите посочија дека на зелениот камп ќе се одржат тематски работилници за изработка на фигури од отпад и натпревари за правилна селекција на отпадот, а ќе биде промовирана и тренинг програмата наменета за едукација на учениците за правилно постапување со отпадот.

Под надзор на двајца наставници на зелениот камп присуствуваат по 15 ученици од Македонија и Бугарија, а нашата земја ја претставуваат ученици од основното училиште „Петар Мусев“ од Богданци кои го освоија второто место на конкурсот за изработка на кратко видео за постапка со отпад.

Проектот е кофинансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски