Група од 14 членови на Претставничкиот дом на САД, на 3 октомври испрати писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, во кое го повикува на обновување на политичкото внимание на Балканот.
– Србија е политичкиот рбет на целиот регион. Значењето на Балканот се покажало во текот на историјата: со отсуство на стабилност на Балканот ќе биде загрозена и европската стабилност, се вели во писмото.
Конгресмените наведуваат дека, на Балканот сѐ уште се оптоварени со духовите од конфликтите од минатото, и дека затегнатите и нецелосни односите меѓу Србија и Косово, остануваат клучна пречка за стабилноста на целиот регион. Тие во писмото потенцираат дека на Србија и е особено потребна американската поддршка.
Во писмото се нагласува дека е потребно проширено внимание и поддршка на САД на балканскиот регион, имајќи ги предвид безбедносните предизвици со кои сега се соочуваат земјите од регионот.
Земјите од регионот, исто така, се соочуваат со нови безбедносни предизвици кои се закануваат поради регрутирањето терористи, пишуваат конгресмените, додавајќи дека во моментов во Сирија се наоѓаат најмалку 875 борци од Балканот.
-Се надеваме дека, по немирите изминатите децении, Балканот ќе има иднината како дел од демократска и мирна Европа. Ве повикуваме, како приоритет да ја поставите поддршката на поширокиот балкански регион, а особено на Србија, се вели во писмото упатено до Тилерсон.