Екипата на Минесота Линкс по четврти пат во последните седум години ја освои титулата во женската национална кошаркарска лига на САД (ВНБА), откако во финалната серија со 3:2 во победи беше поуспешна од Лос Анџелес Спаркс.
Во решавачкиот петти натпревар одигран ноќеска во Минеаполис домашната екипа победи со 85:76.
Со 17 поени и 20 скока и четири асистенции Силвија Фоулс, беше прогласена за МВП на финалето.
Линкс се изедначија со Хјустон Кометс по најмногу освоени титули во историјата на женската НБА лига.