Балканска конференција за 500-годишнината од протестантската реформација 1517-2017

Од:

Во организација на Балканскиот институт за вера и култура, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за протестантски и албански студии и Институтот за национална историја, денеска во Скопје ќе се одржи „Балканска конференција на 500-годишнина од протестантската реформација 1517-2017“.

Конференцијата се одржува под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Конференцијата е научен собир на кој дваесетина теолози, историчари, социолози и политиколози од петнаесеттина земји ќе ги изложат своите истражувања за влијанието на Реформацијата со посебен фокус на Балканот.

Целите на конференцијата се регионално да се придружиме на глобалната комеморација на 500 години од Реформацијата, да се нагласи историјата и импактот на Реформацијата на Балканот, да се зголеми свесноста за ова малку познато поле во балканската историја и да се поттикне комуникацијата и споделувањете на ресурси на оние кои се заинтересирани за оваа тема.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ