Над 310 кандидати за Нобеловата награда за мир

Од:

Оваа година се пријавени 318 кандидати за Нобеловата награда за мир, чиј победник ќе биде објавен в петок во Осло.

Во изминатите неколку децении, не е познато кој е на листата на кандидати, бидејќи имињата се чуваат во строга доверливост, но циркулираат гласини дека годинашната награда би можела да биде посветена на напорите против ширењето на атомското оружје во светло на кризата со Северна Кореја, јавуваат локални медиуми.

– Нобеловиот комитет ќе направи голем пресврт ако одлучи да го награди нуклеарниот договор меѓу Иран и шест големи сили, оцени норвешкиот историчар Асле Свен.

Според него, наградата може да му се додели на поранешниот државен секретар на САД, Џон Кери, иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, и високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Федерика Могерини, за придонес во постигнувањето на иранскиот нуклеарен договор, постигнат во јуни 2015 година.

Аналитичарите потсетуваат дека лауреатите, како на пример, Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), двапати доби Нобеловата награда за мир, во 1954 и 1981 година.

Нобеловата награда за мир минатата година му беше доделена на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос за напорите да се постигне мировен договор со бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска