По нападот во Лас Вегас пораст на акциите на производителите на пиштоли

Од:

По масакрот во Лас Вегас, при што загина 59, а повредени се над 500 лица, забележан е раст на акциите на производителите на пиштоли.

Акциите на компаниите „Оутдор брендс“ и „Стурм Ругер“ пораснаа за речиси четири отсто. Цената на акциите на производителите на пиштоли растеше и претходно по слични напади.

Трговците тоа го објаснуваат со поголемата побарувачка на оружје бидејќи граѓаните посигурно се чувствуваат ако се вооружени.

По пукањето во геј клуб во Орландо во 2016 година, при што загинаа 49 лица, продажбата на огнено оружје бележеше раст во следните три месеци.

Според извештаите на неколку производители на оружје, како и на ФБИ, продажбата на пиштоли и пушки забележа пад по победата на Доналд Трамп на претседателските избори. Пред неговата победа продажбата беше во пораст бидејќи се очекуваше ако демократите победат да го ограничат купувањето на оружје.

Купувањето на автоматско оружје е значително ограничено во САД од 30-тите години на минатиот век.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија