ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес за задолжи државата за нови 72,3 милиони евра

Од:

Гоце Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека економијата е пред колапс поради неодговорната политика на црното економски трио Заев, Тевдовски и Анѓушев. Како што кажа тој, платите паѓаат, а нема пари ниту за планираното и најавено покачување на пензиите.

– Единствениот излез што го гледа СДС е во продолжување на енормното задолжување на државата. СДС денес ја задолжи државата за нови 72.3 милиони евра. Црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев денес се задолжија државата за 11.3 милиони евра повеќе од најавеното со електронската аукција. СДС денеска ја задолжи државата преку 6 месечни записи, 12 месечни записи, 2 годишни, 3 годишни и 15 годишни обврзници. Толку време ќе трерба граѓаните на Република Македонија да ги отплаќаат нивните долгови, рече Димовски

Тој додаде дека со денешното задолжувања, владата за четири месеци ја задолжи државата за вкупно 320 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи дополнителни 177 милиони евра.

– Тоа изнесува вкупно околу половина милијарда евра за само четири месеци од владеењето на СДС за кои граѓаните не знаат за што се тие пари потрошени. Дополнителен проблем е што ова задолжување се реализира токму пред избори. Државата зема огромна сума на пари која може да биде злоупотребена за поткуп на гласачи. Постојат информации дека СДС сака да реализира уште две задолжувања во изборниот период, односно во октомври и уште четири до крајот на годината. Сето ова фрла силен сомнеж дека интензивните задолжувањата на СДС овој период се поврзани исклучиво со изборниот процес. СДС треба да знае дека не смее да си поигрува со парите на граѓаните. Секое незаконско работење ќе биде ревидирано по враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, а сите прекршители на законите ќе одговараат соодветно. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и организациите кои го надгледуваат изборниот процес да внимаваат на дејствијата на владата и да не дозволат злоупотреба на парите на граѓаните во изборен поткуп, вели Димовски

Како што кажа тој, неодговорната политика на СДСМ ја води државата кон банкрот и економски крах и кажа дека владата до крајот на годината планира да спроведе уште 6 аукции, а од аукција до аукција сумата која ја задолжува е се поголема.

– ММФ предупреди дека јавниот долг ќе расте, а буџетскиот дефицит се продлабочува. Република Македонија под водство на СДС забрзано оди кон презадолженост и банкрот. Економијата ја клекнуваат на колена без позитивни изгледи за раст, а фирмите на врхушката на власт се шират и нижат државни тендери. Граѓаните ќе го казнат СДС за ваквото расипништво и неодговорност на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески